Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Споен Клинички центар до крајот на следната година

Споен и реорганизиран Клинички центар ќе стане реалност до крајот на 2025…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Споен и реорганизиран Клинички центар ќе стане реалност до крајот на 2025 година.Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе седне на маса со министерот Таравари заедно да анализираат и бараат решенија кој и како да раководи со најголемиот здравствен центар во Македонија.Тоа би значело дека со клиниките ќе управува еден човек со титула генерален директор и неколку негови советници.На состанокот помеѓу премиерот и министерот ќе се разгледуваат опциите – како здравствениот систем да биде до пофункционален.

“Едно е од темите на кои што ќе разговараме е и ова…односно на реционализација на Клиничккиот центар и формирање на една правна единица како и изградбата на клиничката болница во Штип”– вели премиерот Христијан Мицкоски.

Спојување на клиниките не беше во агендите само на Таравари, туку и на неговите претходници Меџити, Сали и Филипче, но досега не се најде решение како 32 установи, исто толку управни одбори и бројна администрација да бидат една целина како што функционираше клинички до 2007 година.

Реклама

Министерството за здравство за да има поголема контрола како се трошат парите од здравствената каса – ќе ги спои и болниците со здравствените домови. Целта е  да се заштедат пари, а тоа значи наместо да има двајца директори, со двете здравствени установи ќе раководи еден менаџер.

Инаку, пред само неколку месеци министерството за здравство со Владина одлука ги разреши организациските директори во јавните здравствени установи. Со оваа мерка за најмалку половина милион евра ќе биде побогата касата на МЗ за една година.