Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

СПМ: Тетовскиот градоначалник треба да ги решава комуналните проблеми, а не да толкува историски периоди за кои не е компетентен

Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира на самовилието на општинските власти во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира на самовилието на општинските власти во Тетово. Наместо да се посветат на подобрување на условите за нормално функционирање, барем во централното градско подрачје или на заштита на објектите кои имат длабоко историско значење за сите граѓани од сите етнички заедници во Тетово, сведоци сме на форсирање на возобновување на објект кој нема значење за вистинските потреби на граѓаните, се вели во соопштението од СПМ. 

Социјалистичката партија на Македонија не ја заборави грубата изјава на тетовскиот градоначалник дека “хероите партизани се дел од темното минато”. Тој деновиве преку општинските власти дополнително излегува со неиздржано историско толкување за оправданоста на изградбата на предметната “саат кула”. Или претходно со агресивната намера за менување на име на планински топоним, со крупна историска тежина и многу пошироко познат отколку што е неговиот скромен видокруг.

Од повеќе граѓани на Тетово до Социјалистичката партија на Македонија е изразено чувството дека со своето однесување токму градоначалникот е лицето од “темната сегашност” во општината. Неговата должност е да ги решава комуналните проблеми, но не и да толкува историски периоди за кои ниту е компетентен, ниту е дораснат, а најмалку е повикан.

Реклама

Нему секако му е познат начинот на кој е реизбран за градоначалник, па токму затоа доколку не го корегира својот однос и став кон ова прашање, повеќе нема да смета на нашето разбирање, најмалку на нашата поддршка. Затоа што во Македонија никој нема право да гази врз народноослободителната војна и жртвите на македонскиот народ и да се однесува спротивно на законот.