Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Спасовски: Нема пријава дека било украдено возилото на Жежовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на една национална ТВ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на една национална ТВ, одговарајќи на прашањето кога и на кој начин е дојдено до сознанија дека осомничените се извршителите на двете грозоморни убиства, пред сѐ истакна дека неоснованите и неаргументирани тврдења за текот на истрагата извршуваат уште еднаш убиство врз жртвите, потенцирајќи дека постапувањата и за двата случаи започнаа од моментот на пријавувањето.

„Се постапува врз основа на пријавите и тоа веднаш од моментот кога се пријавува. Не сакам шпекулациите да бидат на преден план. Во однос на случајот со велешанецот, во однос на пријавата, мора да кажеме дека шпекулации се дека од 22-ри, па дека не се постапувало итн. Значи, пријавувањето на исчезнување на лицето е извршено на 24-ти вечерта и тоа за исчезнување на лице кое што живеело само, кое што фамилијата, семејството го бара и не го наоѓа и пријавува дека исчезнува лицето. Секако дека нема пријава во која што се вели дека е украдено моторно возило итн., туку исчезнато е лицето, а возилото не било тука, па се претпоставува дека лицето заминало со возилото некаде“, објасни Спасовски, посочувајќи дека од тој момент започнуваат и сите постапки во однос на истрагата во Велес, од страна на СВР Велес, а за случајот во Скопје, веднаш после првата пријава на телефонскиот број, се активираат сите механизми во однос на пронаоѓањето на девојчето.