Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Современи оперативни практики почнаа да се применуваат во Општата болница Куманово

Тим од кумановски хирурзи, ортопеди и трауматолози од јавната здравствена установа Општа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тим од кумановски хирурзи, ортопеди и трауматолози од јавната здравствена установа Општа Болница Куманово, од денеска почна со примена на нова и современа оперативна техника наменета за третман на проксимални фрактури на бутната коска со механизам на двојна компресија.

– Нашиот тим на хирурзи, ортопеди и трауматолози е обучен за примена на оваа најнова технологија која претставува значителен напредок во третманот на трауматолошки повреди. Оваа техника претставува третман на интрамедуларни фрактури со двоен компресивен механизам и истата придонесува висока биомеханичка стабилност, оптимална компресија и најважно за пациентите, брза постоперативна мобилизација, изјави директорот на болницата, Сашо Стошевски.

Оваа е само прва фаза во која се планира болницата да стане регионален центар за североисточниот дел на Македонија.

Реклама

– Имаме амбиции да прераснеме во национален центар за проксимален фемур. ЈЗУ Општа болница Куманово бележи континуирана посветеност кон унапредување на хируршките методи и подобрување на грижата за пациентите. Се стремиме да бидеме лидери во примената на иновативни технологии кои овозможуваат подобри резултати и поквалитетен живот на пациентите, вели Стошевски.

Општа болница покрива територија на шест општини од североистокот и обезбедува секундарна здравствена заштита за Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце со приближно 200.000 граѓани. Во близина се и три гранични премини, меѓу нив и најфреквентниот Табановце.