Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Советот за превенција на Струмица расправаше за надминување на проблемот со загадувањето на воздухот во Струмица

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска имал средба со министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска имал средба со министерот за култура и туризам Зоран Љутков на која разговарале за културата и културното наследство, како и за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“ во 2028 година.

-На средбата градоначалникот Лукровски го информираше министерот Љутков за претстојните проекти и културно-забавни настани кои ќе бидат дел од програмските активности на Општина Карпош за наредната година. Општината ќе продолжи да ги поттикнува и поддржува сите културни работници, особено младите, чија креативност и работа ќе ја збогатуваат културата ризница, не само на општината туку и на градот Скопје. Во рамки на денешната средба се разговараше и за можна соработка помеѓу двете институции, бидејќи како што истакна Љутков, проектот е вистинска можност за темелна трансформација на Скопје, преку развој на културната инфраструктура, зајакнување на заедништвото, поддршка на иновации и промовирање на европски вредности. Токму затоа е многу важно во реализација на проектот активно да бидат вклучени сите релевантни чинители од државата, соопшти Општина Карпош. 

Во соопштението се наведува дека министерот Љутков посочил дека „Карпош има несомнено голем потенцијал за културен развој бидејќи на своја територија има многу значајни локалитети како што се Хавзипашините конаци, Аквадуктот, архелошкиот локалитет Скупи, Св.Пантелејмон во Нерези.

Реклама

-Токму од тие причини, на средбата се разговараше и за бројни можности за соработка и заеднички активности во иднина, а акцент се стави на заштита на културното наследство како и на плановите за одржување на културни настани на територија на Општина Карпош, информира Општината.