Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Советот на Општина Куманово го изгласа буџетот за 2026 година

Буџетот на Општина Куманово за 2026 година, изнесува приближно три милијарди денари.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот на Општина Куманово за 2026 година, изнесува приближно три милијарди денари. По неколкучасовна дебата, советниците го изгласаа буџетот. Претставник од секторот за финансии Фросина Милковска, образложи дека основниот буџет изнесува 1.25 милијарди, а со вклучување на самофинансирачките активности, дотациите и донациите, вкупните приходи достигнуваат 2.990.039.067 денари. Таа рече дека приходите се целосно распределени по расходни ставки, програми и корисници, при што јасно се раздвојуваат капиталните, тековно-оперативните и развојните расходи.

– Голем дел од развојната програма се однесува на капитални проекти финансирани преку унгарскиот кредит, дел од постапките се веќе завршени, а за други се избрани изведувачи, рече Милковска.

Во буџетот е предвидено зголемување на основната главнина на ЈП „Куманово Гас“ за шест милиони денари и на ЈП „Пазариште“ за два милиони денари, со обврска уплатите да се евидентираат.

Реклама

Градоначалникот Максим Димитриевски оцени дека буџетот за 2026 година е специфичен, пред сè поради обемот на средства поврзани со апликациите за проекти од унгарскиот кредит. За него и овој буџет, како и претходните во изминатите години, има изразена развојна компонента, со значителни капитални инвестиции, зајакнување на јавните претпријатија и подобрување на јавните услуги.

– Тука е гасификацијата, особено на старата индустриска зона, како и на координацијата на инфраструктурните зафати, социјала, култура, буџетот ќе биде целосно и транспарентно објавен за јавен увид, рече Димитриевски.

Опозицијата обвини дека има намалени ставки, дека не се знае дали до крај ќе се реализира програмата, особено за проектите поврзани со унгарскиот кредит, посочувајќи дека одредени претпријатија имаат помали средства, одвоени се симболични суми за екологија, спорт и социјала.