Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка, наместо во интерес на граѓаните, работи на реализација на сценарио за негов спас

СДСМ и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот во Советот на Општина Кочани, каде советник на СДСМ повреди општинска службеничка, не случаен, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека вчерашното насилство на советникот на Венко Филипче е дел од сценарио кое самиот Филипче го има направено пред месец дена во Дубаи на средба со Зоран Заев. Тоа е периодот кога кажавме дека Филипче 6 дена беше тајно во Дубаи, каде очигледно со својот ментор, Заев скувале план како да дефокусираат и да го спасат Венко Филипче.

„СДСМ и Венко Филипче не знаат како да се справуваат со ситуациите, па затоа секогаш кога се во тесно, прибегнуваат кој креирање инциденти и општ хаос. „Откако со лаги и манипулации се обидоа да злоупотребат трагедија за бедни политички поени, сега СДСМ и Венко Филипче сакаат да направат хаос во Кочани.

Реклама

Но, тоа нема да им успее. Јавноста јасно гледа дека ова се последни обиди за спас на политичката кариера на Филипче и нема да наседнат на нивните провокации и сценарија, преку насилство и создавање хаос.

На насилството не му е местото во државните институции, посебно во институции како општински совет, каде што советниците се бирани на непосредни избори, директно од граѓаните.

Граѓаните заслужуваат достоинствено претставување од нивните избраници и нивна работа во интерес на општото добро, а не работење во служба на поединци од политиката, во случајов Филипче.

Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од советникот на Венко Филипче во Советот на Општина Кочани, кој не е во служба на граѓаните, туку во служба за реализација на сценариото за негов спас, стокмено во Дубаи“, потенцираат во соопштението.

А, од друга страна, Филипче може да крои планови и сценарија со Заев колку сака, спас му нема, затоа што граѓаните ќе го казнат на избори, а правосудните органи, за сите криминални афери, ќе мора да го процесуираат, додаваат од владејачката партија.