Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

СОСУ „Илинден“ е прво училиште во државата со маса за текбол

Општина Илинден продолжува со вложувања во развојот на спортската инфраструктура и унапредување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден продолжува со вложувања во развојот на спортската инфраструктура и унапредување на условите за младите, при што денес во спортскиот комплекс „Драго Маневски“ се одржа промоција на нова текбол маса, се вели во општинското соопштение.

Воведувањето на текбол, како современа и сè попопуларна спортска дисциплина, нагласуваат од Општината, отвора нови можности за учениците и младите да ја подобрат својата координација, концентрација и тимска работа, како и да го зајакнат спортскиот дух.

-Со оваа инвестиција, СОСУ „Илинден“ станува првото училиште во државата кое располага со ваков тип спортска опрема, што претставува значаен чекор напред во образовно-спортскиот сегмент, се додава во соопштението.

Реклама

На настанот биле присутни градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од Јадранската текбол лига, претставници од компанијата „Тримакс“, директори на општинските училишта, како и голем број ученици и спортски ентузијасти.

-Со реализација на ваквите проекти создаваме современи услови за развој на младите, го поттикнуваме нивниот интерес за спорт и ги насочуваме кон здрав начин на живот. Ќе продолжиме со континуирани вложувања во образованието и спортската инфраструктура, со цел да обезбедиме квалитетна и функционална средина за сите граѓани, нагласил градоначалникот Георгиевски.

Овој настан, се вели во соопштението, е дел од пошироките активности на Општина Илинден насочени кон создавање подобри услови за спорт, рекреација и правилен развој на младите генерации.

-Локалната самоуправа останува посветена на реализација на проекти кои промовираат здрави животни навики и придонесуваат за градење активна и силна заедница – се нагласува во соопштението.