Реклама

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Прилози

Состојбата со поплавите се стабилизира, во кичевска „Прилепска“ и натаму е најдраматично

И покрај лошите временски услови, во Кичево со градежна механизација се расчистуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај лошите временски услови, во Кичево со градежна механизација се расчистуваат каналите и коритото на Зајашка Река, која е со зголемен водостој, но до овој момент опасност од повторно излевање нема. Сепак, ситуацијата и понатаму е критична во населбата „Прилепска“, таму услови за живот нема.

Евакуираните жители, кои привремено се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“, се благодарни бидејќи имаат сигурен кров над глава. Условите не се идеални, што е и разбирливо, има околу 150-тина лица, но, велат, имаат сè што им треба.

– „Храна има, доктори има и лекови ми запишаа, требаа да дојдат, ама не се уште дојдени, а јас имав срцев удар и морам да ги пијам тие апчиња. Дали е топло? Добро е, топло е. Сега засега е многу подобро, дома не можеш да застаниш, вода до овде има внатре во куќите, над метар и пол, не можеме дома да одиме.“
– „Лом е уште, има три метра вода, насекаде е само кал, кај да одиме се чудиме, нема каде да одиме. Каква е ситуацијата овде, дали доаѓаат доктори? Задоволни сме, проблеми немаме.“
– „Значи, лекови ако ни треба нешто ни носат, сè е на место. Мене ми е уништена цела куќа, нема каде да одам, барам помош од државата, ги молам сите да се преземат мерки. За никаде сме, јас не можам ни да седам овде, еден тоалет е, немаме каде да се капиме, немаме алишта, немаме ништо. За да се вратам дома многу тешко е, цела куќа ми е уништена“ – велат погодените жители.

Реклама

Волонтерите на Црвениот крст се постојано присутни на терен, внимателно ги следат состојбите и навремено одговараат на барањата и потребите на граѓаните. Благодарение на солидарноста на граѓаните и пристигнатите донации, истите се дистрибуираат согласно потребите на засегнатото население. Во соработка со Општина Кичево и локалните угостителски објекти, секојдневно се обезбедуваат и делат топли оброци за лицата сместени во прифатниот центар. Општина Кичево продолжува со засилен ангажман и континуирано ја следи состојбата на терен.

ТЕЛОП – Општина Кичево:
„Општина Кичево, преку надлежните служби, деноноќно работи на уредување и чистење на речното корито, со цел превенција и спречување на нови поплави по неодамнешните обилни врнежи. Активностите опфаќаат: расчистување на нанос, кал и отпад, зацврстување и обликување на коритото, подобрување на протокот на водата. Ги информираме граѓаните дека оние кои имаат можност можат да се вратат во своите домови и да започнат со расчистување, бидејќи од понеделник ќе започне теренска работа на комисијата за проценка на штетите.“

И во останатите региони во државава состојбата е стабилна, со зголемени водостои, а некаде има и излевање на реките. Поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи, подруми и магацини, а надлежните вршат испумпување на водата, проширување и насипување на речните корита.