Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Сопственик на фирма од кавадаречко измамен преку хакирана електронска пошта, оштетен за 80 илјади денари

Сопственик на фирма од кавадаречко бил измамен преку хакирана електронска пошта со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сопственик на фирма од кавадаречко бил измамен преку хакирана електронска пошта со што бил оштетен за 80 илјади денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– Вчера во 09:00 часот, во ОВР Кавадарци, 51-годишен жител од село во кавадаречко, сопственик на правно лице од Кавадарци, пријавил дека бил измамен за сума од 80.000 денари. Според пријавеното, преку европска платформа за транспорт, преку која  договарале за да транспортираат стока, преку хакиран е-мајл добиле информација стоката која ја товариле во Германија, да ја истоварат на друга локација, различна од претходно договореното, каде и ја предале, односно не стигнала кај побарувачот и противправно била присвоена, соопштија од СВР Велес. 

За настанот бил известен јавен обвинител  и се преземале мерки за расчистување на настанот.