Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Сопруги пријавиле физички напад и закана од своите сопрузи во Кавадарци и Неготино

Две сопруги пријавиле физички напад и закана од своите сопрузи во Кавадарци…

Сподели:

Две сопруги пријавиле физички напад и закана од своите сопрузи во Кавадарци и Неготино, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

„Вчера во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.П. (37) од Росоман, постапувајќи по пријава од неговата 34-годишна сопруга дека во семејниот дом во Кавадарци физички ја нападнал. Б.П. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека синоќа во 18.00 часот во Полициската станица Неготино, 34-годишна неготинчанка пријавила дека нејзиниот сопруг Б.Д., со кој не живеела заедно, ѝ се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.