Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Сонцето единствена светла точка: Што остана на Серта после големите пожари?!

Некогаш преубавата зелена шума претворена во пепел на Серта. Изгоре голем дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некогаш преубавата зелена шума претворена во пепел на Серта. Изгоре голем дел од оваа планина. Помагаа многумина, спасија што може да се спаси.

-Имаше пожар јак и ако префрлеше наваму и нас ќе не фатеше, вели еден од граѓаните.

-Пожарот си е пожар, некој подметнал, гореше цело време, горе планината, вели еден од граѓаните.

Реклама

-Па имаше дел од мештаните, направија изолација околу селото, обрач… и така го заштитија селото, вели еден од граѓаните.

Сепак голем дел од оваа планина која важи за белите дробови на Неготино и регионот изгоре, па ќе требаат години повторно да се врати во состојбата пред пожарите.

Едно од дрвјата, а и сите други дрвја кои што можеме да ги видиме во овој дел од планината Серта се доказ за она што се случуваше токму на оваа планина, каде што имаше големи пожари кои што претставуваат еден вид еколошка катастрофа.

Мештаните упатуваат благодарност до сите оние кои помогнаа против огнената стихија и ги спасија неготинчани од многу поголеми проблеми.

-Мислам дека се справија, сега е добро, вели еден од граѓаните

-Ситуацијата беше стварно критична, ветерот и нестабилното време си го прави своето, час на еден крај па знае да заврти на друг крај, така да добро што се заврши, вели еден од граѓаните.

На Серта го сретнавме и пензионираниот пилот Стоје Арсовски, се вратил да помогне во овие тешки ситуации за Македонија.

-Мачно затоа што немавме довлоно сили, имавме само три авиона. Па ни се јавија дека има потреба дека нема пилоти на другите два авиони и со согласивме, ова е само за три месеци додека траат пожарите, изјави Арсовски.

Деновиве зад нас планинта Серта беше местото кое што преставуваше најголема опасност за неколку градови на истокот на државата.

Доказ за оваа катастрофа која што се случи на оваа планина Серта е тоа што можеме да ги видиме овие дрвја зад нас целосно изгорени, а можеме да видиме дека и едно обично дрво кое што е тука до нас можеме гранче најобично да му скршиме со најобичен фат на раката.

Минативе десетина дена во Македонија имаше голем број пожари, на помош дојдоа и екипи од други држави. А покрај пожарникарите на терен беа и екипи од армијата, како и од Единицата за брзо распорадување на МВР, кои секојдневно беа во првите редови во борбата со оваа криза која што ја снајде државата.  Инаку во минативе две децении во Македонија изгорела површина еднаква на над 110 илјади фубалски игралишта.

Новинар: Матеја Петровски

Снимател: Дејан Младеновски