Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Прилози

Сомнеж за сериски убиец во кумановско, уапсен 25-годишник, се истражува поврзаност со повеќе убиства

Едната старица ја нашле мртва, а другата ја откопале за да истражат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едната старица ја нашле мртва, а другата ја откопале за да истражат дали уапсениот 25 годишен кумановец е поврзан со серија убиства од тој регион. Јавното обвинителство од Куманово води истрага против 25 годишник од село Челопек, осомничен за убиството на 79 годишна жена, а во моментов се истражува дали тој е сериски убиец поврзан и со други вакви случаи.

За една од потенцијалните жртви направени се ексхумација и обдукција и подигнати се траги од ДНК коишто се вештачат.

Според Обвинителството, постојат докази кои укажуваат дека уапсениот е поврзан и со други слични случаи од кумановско.

Реклама

Осомничениот влегол во куќата на старицата додека таа спиела на креветот и го искористил моментот што е сама, стара и немоќна. Ја удирал со тупаници и ја усмртил.

Со интензивни координирани дејствија во изминатите неколку дена на ОЈО Куманово и истражниот центар во тоа обвинителство, МВР и екипите на Институтот за судска медицина обезбедени се докази кои укажуваат на поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во кумановско, информира Јавното обвинителство.

Се прават сложени анализи и вештачења со цел да се утврди дали и во колку случаи е замешан 25 годишникот од Челопек, но од Обвинителството не откриваат повеќе детали за да не се наруши истрагата. Откако е утврден неговиот идентет тој е лишен од слобода и е во притвор.

Јавноста памети неколку случаи во кои мажи направија серија убиства на старици. Едниот осуден е Виктор познат како македонскиот Расколников бидејќи  уби четири постари жени во 2009 година мотивиран од романот Злосторство и казна.
Другиор случај е новинарот од Кичево Владо Танески кој беше осомничен за две убиства за кои и самиот известувал. За него нема пресуда бидејќи беше откриен мртов во ќелијата во затворот во Тетово, вечерта кога го уапсија во 2008. Македонската полиција тврди дека тој се самоубил откако главата ја ставил во кофа со вода. Овој случај предизивка лавини во јавноста и остана како контроверзен поради прашањето дали е можно самоубиство во кофа со вода.