Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Сочувства за загинатите во трагичниот пожар во Кочани, книга на жалост и во Амбасадата во Атина

Буќети од цвеќиња, пораки и свеќи ги преплавија македонските амбасади во регионот…

Сподели:

Буќети од цвеќиња, пораки и свеќи ги преплавија македонските амбасади во регионот и книгите на жалост отворени во домашните институции за загубените млади животи во кочанската дискотека на смртта. Дури и во Атина, каде бројот на нашинци не е голем пред книгата на жалост оставен е букет цвеќе со пораката РИП Кочани.

Во грчката престолнина книгата на жалост беше отворена во понеделникот. Во неа прва се потпиша амбасадорката Лидија Бошковска, а по пет дена страниците се исполнети со пораки на сочувство за трагично загинатите од дискотеката „Пулс“. Има и со пораки на љубов и поддршка, како за повредените, така и за целиот македонски народ.

Дел од целиот дипломатски кор во Грција се потпиша во книгата, а дел изразија сочувство преку пораки. Во книгата се потпиша и заменик министерот за надворешни работи ан Грција, Јанис Ловердос.

Реклама

Половина земји од Европа итно ги отворија вратите на клиниките за повредените. Србија, Бугарија, Грција, Шпанија, Шведска, Полска, Хрватска, Австрија, Литванија, Турција, Италија. Дури и лекари тимови од Израел, Чешка и Србија дојдоа за поддршка на повредените. Доброволци сами се пријавува за донирање крв со софиската клиника Пирогов.

Нашинци пружија рака од странство. Ги отворија домовите и хотелите за сместување на семејствата на повредените што се лекуваат надвор. Регионот и Европа пружија помош и поддршка во овие тешки денови за македонските граѓани.

Во земјава со денови е отворена Книгата на жалост во многу институции за да им се оддаде почит на жртвите од трагедијата. Вратите на Собранието се отворени до 19 часот. Книга на жалост беше отворена и во МНР каде сочувство изразија голем број амбасадори и претставници на меѓународни организации. Меѓу нив беа и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, амбасадорите на Шведска, Хрватска, Франција и други. Книгата на жалост е отворена и во амбасадите во Тирана, конзулатот во Солун, Србија и Косово, каде што амбасадорите изразија длабоко сочувство до семејствата на жртвите.

Во меѓувреме, студентите отворија книга на жалост и на универзитетите во Скопје, Штип и Битола, каде почит може да се оддава секој ден од 9 до 18 часот. Во меѓувреме, во Кавадарци, но и во Горица, Хрватска, отворена е книга на жалост за фудбалерот Андреј Лазаров, кој го загуби животот во трагедијата во Кочани. Лазаров беше дел од хрватскиот клуб Горица, пред да го облече дресот на ФК Шкупи. Пријателите и роднините на пејачот Андреј Ѓорѓиески, од „ДНК“отворија книга на жалост во трговскиот центар „Лептокарија“ во Скопје, во делот наречен коцка каде членовите на бендот ги поминале најубавите години во смеа и дружење.