Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Собраниска делегација на регионален семинар за парламентите на Западен Балкан

Делегација на македонското Собрание, составена од пратениците Дафина Стојаноска, Саранда Имери-Стафаи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на македонското Собрание, составена од пратениците Дафина Стојаноска, Саранда Имери-Стафаи и Димитар Ковачевски, учествува на регионален семинар за парламентите на Западен Балкан, кој се одржува во Подгорица.

Семинарот, организиран од Меѓупарламентарната унија (IPU) и парламентот на Црна Гора, е посветен на клучните прашања поврзани со климатските промени и зелената транзиција во регионот. Учествуваат и делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, како и европратеникот Томас Вајц (преку видеоврска), претставници од извршната власт на Црна Гора, академици и меѓунaродни и регионални организации.

– Семинарот беше отворен од страна на претседателот на парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На присутните им се обратија и Дејан Дуровиќ, претседател на Комисијата за туризам, земјоделство, екологија и просторно планирање, Бобан Станишиќ, генерален секретар на парламентот на Црна Гора, и Мартин Чунгонг, генерален секретар на ИПУ, кој се обрати преку видеоврска. Работата на семинарот се одвиваше во сесии, со презентации и во интерактивна форма. Претставниците на Собранието имаа активно учество во интерактивната дебата во текот на сите сесии на семинарот, со конкретни ставови, споделувајќи национални искуства и придонесувајќи конструктивно кон регионалниот дијалог за предизвиците на климатската политика и зелената транзиција – информира собраниската прес-служба.

Реклама

Првата сесија била посветена на тековните и на проектираните влијанија на климатските промени врз Западен Балкан, со посебен акцент на економските, социјалните и еколошките ризици. Разгледани биле конкретните последици врз земјоделството, управувањето со водите и инфраструктурата, како и улогата на парламентите во зајакнување на отпорноста и адаптацијата.

Втората сесија, пак, била насочена кон зајакнување на капацитетот на пратениците ефективно да комуницираат со граѓаните за климатски предизвици и последици. Дискутирано било како да им се спротивстават на дезинформациите и за начините за вклучување на граѓаните и на засегнатите страни во конструктивни дијалози за климатска акција. 

Исто така, презентирани биле стратегии за јасна комуникација до разни публики, градење на јавната доверба и адресирање на загриженоста, поврзани со економијата, работните места и цената на енергијата.

Третата сесија ги истражувала начините на кои декарбонизацијата и климатската акција во Западен Балкан може да промовираат и поддржат економски и одржлив развој, како и да ја зајакнат регионалната и пазарната интеграција со ЕУ. 

– Истакната беше стратешката улога на парламентите во усогласувањето на националното законодавство со рамките на ЕУ и глобалните климатски рамки, како и во надзорот на процесот за праведна и зелена транзиција. Семинарот претставува важна платформа за размена на искуства, стручна комуникација и регионална соработка меѓу парламентите на Западен Балкан во областа на климатската политика и зелената транзиција – се вели во соопштението.