Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Собраниска делегација на конференција во Ашгабат за унапредување на Межународното прави, дијалогот, доверната и безбедноста во регионот на ОБСЕ

Делегација на Собранието во состав Моника Зајкова, потпретседателка на Парламентарното собрание на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието во состав Моника Зајкова, потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ и шеф на Делегацијата на Собранието во ПС на ОБСЕ и Мимоза Муса, членка на Делегацијата, учествуваше на Третата конференција во Ашгабат на тема: „Парламентите во унапредувањето на меѓународното право за дијалог, доверба и безбедност во регионот на ОБСЕ“, што се одржа на 17 и 18 ноември 2026 година, во Ашгабат, Туркменистан.

Како што информираат од собраниската прес-служба, конференцијата била организирана од ПС на ОБСЕ, во соработка со Меџлисот (Собранието) на Туркменистан. На неа учествувале повеќе од 100 учесници, меѓу кои пратеници од дваесеттина земји, меѓународни експерти и високи претставници на земјата домаќин и на ОБСЕ, со цел за размена на мислења и искуства за улогата на парламентите во почитувањето и унапредувањето на меѓународното право, зајакнувањето на меѓусебната доверба и градењето мир и безбедност во регионот на ОБСЕ.

Дводневниот настан започнал со поздравни обраќања на Дуњагозел Гулманова, претседателка на Меџлисот на Туркменистан, Микита Потураев, претседател на ПС на ОБСЕ и Роберто Монтела, генерален секретар на ПС на ОБСЕ. Во своите обраќања тие го нагласиле значењето на парламентарната дипломатија и меѓународната соработка во справувањето со современите предизвици, како и потребата од доследно почитување на меѓународното право, како основа за дијалог, доверба и стабилност.

Реклама

Првата сесија била посветена на темата: „Суверена еднаквост и заеднички принципи: парламентарната дипломатија во почитувањето на меѓународното право“. Дискусијата на втората сесија на тема „Еколошка безбедност, климатска отпорност и превенција од природни непогоди: меѓународното право и парламентарното дејствување“ била насочена кон влијанието на климатските промени и еколошките ризици врз безбедноста, како и потребата од навремена превенција и зајакнување на институционалната подготвеност.

-Во оваа сесија обраќање имаше пратеничката Мимоза Муса, која истакна дека еколошката безбедност претставува неодвоив дел од современиот безбедносен концепт и дека климатските промени, недостигот на вода, сушите, поплавите и шумските пожари бараат координиран одговор и заедничко дејствување. Осврнувајќи се на искуството на Македонија со шумските пожари во 2024 година, таа ја нагласи важноста на меѓународната солидарност и помошта добиена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Особено ја истакна регионалната соработка во рамките на проширениот слив на реката Дрим, како и улогата на парламентите во следењето на спроведувањето на климатските политики, заштитата на водните ресурси и намалувањето на ризиците од природни непогоди. Таа порача дека превенцијата и подготвеноста не се само техничка обврска на надлежните институции, туку и прашање на политичка одговорност, добро владеење и заштита на човековите права. Во таа насока, Муса порача дека Македонија ќе продолжи да ги унапредува еколошката безбедност, климатската отпорност и регионалната соработка, со доследно почитување и практична примена на меѓународното право – информираат од Собранието.

Моника Зајкова, во својство на потпретседателка на ПС на ОБСЕ била модератор на третата сесија, на тема: „Предвидување на технолошкиот развој: меѓународното право и парламентарното управување за безбедна, хумана и демократска иднина“. Дискусијата била посветена на влијанието на вештачката интелигенција, автономните системи и дигиталните платформи врз општествата, демократските институции, човековите права и меѓународната безбедност, како и на потребата од соодветни правни и институционални механизми за нивно регулирање.

Во своето воведно обраќање, Зајкова ја истакнала важноста на пристапот кон технолошкиот развој кој во центарот ги поставува човекот, човековите права и безбедноста. Таа се осврнала на активностите на ПС на ОБСЕ во областа на вештачката интелигенција, нагласувајќи ја потребата од транспарентно и одговорно регулирање, заштита на приватноста и спречување на злоупотребата на новите технологии.

Посочила дека меѓународното право мора да остане релевантно и ефикасно и во услови на брзи технолошки промени, а дека парламентите имаат клучна улога во обезбедувањето демократски надзор, отчетност и одговорност при примената на новите технологии.

-Притоа, нагласи дека технолошкиот развој има влијание врз сите три димензии на сеопфатниот пристап на ОБСЕ кон безбедноста: политичко-воената, економско-еколошката и човековата димензија, поради што е неопходна засилена меѓународна и меѓупарламентарна соработка. Таа повика на навремено препознавање на потенцијалните ризици, унапредување на дигиталната писменост и приспособување на правните и институционалните рамки кон новите технолошки реалности, со цел технолошкиот напредок да придонесува за зајакнување на демократијата, мирот и безбедноста – се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

На завршната сесија на Конференцијата била нагласена потребата од продолжување на парламентарниот дијалог и соработката во насока на унапредување на меѓународното право и справување со заедничките предизвици во регионот на ОБСЕ.

Учеството на делегацијата на Собранието на Третата конференција во Ашгабат претставувала можност за активен придонес во парламентарните дискусии за актуелните меѓународни, безбедносни, еколошки и технолошки предизвици, како и  за дополнително  афирмирање на улогата на делегацијата во работата на Парламентарното собрание на ОБСЕ.