Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Собранието треба да избере член на Судскиот совет

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на чиј дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки – предлог за избор на член на Судскиот совет на Македонија, предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, и предлог на Законот за изменувањето на Законот за утврдувањето јавен интерес и номинирањето стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и на Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Собраниската Комисија за изборите и именувањата утврди предлог-листа од двајца кандидати за избор на член на Судскиот совет на Македонија, што го избира Собранието: Cejфула Османи, доктор на правни науки од Градец, Врапчиште, и Apбер Исаку, дипломиран правник од Тетово.

Со предлогот на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, треба да се овозможува зголемувањето на пензиите во согласност со планираните политики на Владата.

Реклама

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчера, при образложувањето за предлогот на Законот за изменувањето на Законот за утврдувањето јавен интерес и номинирањето стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и на Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Македонија, пред пратениците истакна дека станува збор за техничка измена на само еден член. 

– Имајќи предвид дека ЈПДП има релативно солиден буџет од сопствени извори и средства, сметаме дека, поради големината и значењето на проектот, добро е и тоа да е вклучено како носител и инвеститор во проектот – појасни Николоски.