Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Собранието ја усвои Националната стратегија за развој која е патоказ и визија за чекорите во периодот 2024-2044 година

Денеска во Собранието се усвои Националната стратегија за развој која е патоказ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Собранието се усвои Националната стратегија за развој која е патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година.

„Стратегијата е заеднички документ точка на поврзување на сите одлучувачки фактори кои сакаат да се вградат во создавањето на иднината важна за сите граѓани во нашата земја.

Оваа стратегија е изградена низ партнерски однос и поддршката на УНДП во координација со сите агенции на Обединетите Нации, Амбасадата на Обединетото кралство и Министерството за финансии на Република Словачка кој го поддржуваат овој процес.

Реклама

Целите на оваа развојна стратегија се:

Економски развој и подобрување на стандардот. Воспоставување на мерит систем каде точката за единствениот критериум по кој ќе се напредува се способностите, стекнато знаење и квалитетот на визијата кој се нуди. Силен ангажман на сите за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани.

Реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места.

Држава без корупција, држава со систем кој функционира, држава со изграден мерит систем со механизми и цели кои мораме да ги искреираме и воспоставиме и се дел од оваа стратегија.

Квалитетното образование кое ќе биде клучот на напредокот.

Целта на оваа Влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија, не само поради тоа што земјава природно припаѓа таму туку и затоа што нам ни се тие критериуми потребни за подобар стандард и за подобар живот.

Ние како Влада посветуваме внимание на човечкото знаење и даваме шанса за младите и така ќе продолжиме.

Ние како Влада мора да го мобилизираме секој аспект од човечкото знаење и потенцијал и да го градиме нашето општество врз основа на заедништво, солидарност и визионерство.

Националната стратегија за развој е одлична и солидна основа за развој на државата и преставува стратешки документ за идните чекори на оваа и секоја идна Влада“, информираа од Владата.