Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Собранието го донесе новиот Закон за Судскиот совет

Со 73 гласа „за“ и еден „воздржан“, Собранието го донесе Предлог-законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 73 гласа „за“ и еден „воздржан“, Собранието го донесе Предлог-законот за Судскиот совет. „Овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството“, информира Министерството за правда.

Клучните новини што ги предвидува законот, според Министерството, се следниве: јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот; прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“; јавна расправа при избор на кандидати за несудски членови, за поголема транспарентност.

Законот предвидува и зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членовите од редот на судиите, како и јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот.

Реклама

Дополнително, се воведува обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите, како и рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуките на Советот.

„Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството“, посочуваат од Министерството за правда.