Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, а претходниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, а претходниот оглас се повлекува, информира претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски. Новиот член треба да го замени досегашниот член Селим Адеми.

– Сакам да ја информирам Комисијата дека добив писмено известување од страна на претседателот на Собранието, со кое се укажува дека во согласност со Законот за Судскиот совет на Република Македонија, ќе се објави нов оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија. Предлогот што беше на Комисијата се повлекува и ќе оди со нов оглас – нагласи Сајкоски. 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на 15 јануари нагласи дека треба да се повтори огласот за избор на нов член на Судскиот совет предложен од Собранието бидејќи, како што посочи, има нов Закон за Судскиот совет.

Реклама

– Ќе треба да ги прашате претседателот и членовите на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата. Најверојатно се на мислење да се повтори огласот затоа што веќе имаме нов закон и ќе треба сите членови да се изберат по новиот закон. Но, тоа мора да го донесат како одлука претседателот и членовите на Комисијата за изборите и именувањата. Сепак, работа е на Комисијата за изборите и именувањата. Кај нив треба да се обратите. Но, како битен момент за кој сме разговарале е токму моментот што имаме нов Закон за Судскиот совет и тој веќе ги менува правилата на игра – рече тогаш Гаши.

Аљбан Кадриу, полициски инспектор од Тетово, кој беше предложен од „Вреди“ за член на Судскиот совет на 11 декември, помина на Комисијата за избори и именувања, но поради донесувањето на новиот закон за Судскиот совет, се одложи неговоиот избор на пленарна седница.