Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Прилози

Со засилено темпо се чисти линданот во ОХИС

Со засилено темпо се чисти просторот околу поранешната фабрика Охис.  60% од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со засилено темпо се чисти просторот околу поранешната фабрика Охис.  60% од малата депонија се веќе исчистени. Владата обезбеди дополнителни 400 илјади евра за да продолжи процесот за чистење на депонијата. Во кругот на „Охис“ има и голема депонија за која се претпоставува дека има 50.000 тони линдан, која ќе се чисти по завршување со чистење на малата депонија.

„Значи депонијата Охис, малата депонија, три петини веќе се исчистени, Министерството и Владата, обезбеди средства за да одиме на чистење на двата дела во останатиот дел на малата депонија. Штом завршиме со тоа, значи ќе треба покрупни чекори заедно со Владата и стратешките партнери да го наоѓаме решение конечно“ вели Изет Меџити, Министер за животна средина

Овој опасен отпад со децении ја загадува почвата, а преку подземните води го контаминираше и зеленчукот што го одгледува населението од околните места.

Реклама

„Процедурата како процедура е едноставна, значи уклучен е ископ на самиот линдан во соодветна машина за пакување, се пакува во пластични и метални буриња кој што потоа херметички се затвараат и се бележат, се мери тежината на секоја палета со четири буриња и се извезува. Во однос на чистењето на линданот од малата депонија во поранешната фабрика Охис, до сега се завршени четири лота, изведувач „Полиеко“ си ја вршеше работата за чистење на линданот, а ние бевме ангажирани како надзор да го следиме чистењето на линданот од малата депонија. Како што знаете предходно малата депонија е затворена со шатор во кој што има единици за негативен притисок, кој што спречуваат контаминација за надворешната средина“ вели Трајче Митев, консултант за животна средина „Деконс-Ема“

По целосното расчистување на опасниот отпад на местото на малата депонија ќе треба да се изврши ремедијација, а од Министерствотото како што претходно најавија, ќе се прават истражувања за степенот на контаминација на земјата под депонијата и во зависност од резултатите ќе се преземат соодветни мерки.

Погонот за линдан во фабриката работел од 1964 до 1977 година, кога било прекинато производството од еколошки причини. Во тој период биле произведени околу 2.800 тони линдан, што резултирало со околу 25.000 тони неактивни изомери, кои несоодветно биле расфрлани.

Давид Крстевски