Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Со законските измени пензионерите дополнително ќе си заработуваат без да им се укине пензијата, а студентите легално ќе стекнуваат работно искуство

Нов закон, за нова борба против сивата економија. Пензионерите и студентите добиваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов закон, за нова борба против сивата економија. Пензионерите и студентите добиваат можност легално да работат, со договори, придонеси и јасно утврдени правила. Со ваквото решение илјадници луѓе кои досега работеа „на црно“ ќе влезат во легалниот систем. Целта е – повеќе пријавени работници, повеќе приходи во буџетот, но и фер услови за сите. За пензионерите конкретно, овој закон ќе значи дополнителен приход без да го загубат правото на пензија.  Студентите ќе стекнат пак легално работно искуство но и финансиска независност. Од пензионерскиот синдикат ја поздравија оваа измена на законот, и очекуваат голема заинтересираност.

Новото законско решение најмногу ќе важи за угостителството, земјоделството и услужните дејности – области каде што постојано има недостиг од работна сила.

И студентите ќе имаат бенефит од новиот закон за работа.Со тоа тие ќе добиваат пари, работно искуство и легален ангажман.

Реклама

Со новиот закон за работно ангажирање се очекува околу 17.000 луѓе да влезат во системот и да работат легално. Поради недостиг на работна сила, ќе можат да се ангажираат и вработени и невработени лица, како и луѓе што веќе имаат една работа, но ќе можат дополнително да работат уште една. Според проценките, околу 12.000 луѓе ќе бидат ангажирани во земјоделстовто, а околу 5.000 луѓе во угостителството. Работниците ќе можат легално да работат од 120 до 180 дена годишно.