Реклама

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Прилози

Со владиниот авион попладнево ќе се евакуираат наши граѓани од Израел, а следните денови и тие од ОАЕ, Катар, Бахреин и Куавјт

Вечерва околу 20 и 30 часот владиниот авион со шестмината евакуирани македонски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вечерва околу 20 и 30 часот владиниот авион со шестмината евакуирани македонски државјани од Израел, се очекува да слета на скопскиот аеродром. Владиниот авион според најавите треба да полета од Египет околу 18 часот, со патниците кои беа изнесени од Израел со помош на дипломатските претставништва и по копнен пат беа однесени во Каиро.

„Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел“, инфомираат од МНР.

Следните денови се очекува да бидат евакуирани и заглавените македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт. Интересот за евакуација од погодените кризни подрачје на Блискиот исток постојано расте. Досега повеќе од 600 граѓани побарале помош од македонските власти да се вратат во Македонија. Само од Амбасадата во Абу Даби се евидентирани вкупно 505 македонски државјани, од кои од нив 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, 31 лице се пријавени во Кувајт, а 14 од Бахреин. Во Доха, пак, евидентирани се уште 141 македонски државјанин кои побарале информации или асистенција. Од Министерството за надворешни работи соопштија дека процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план.

Изутрината авион со 138 патници, меѓу кои имало и Македонци полетал од Дубаи и слетал на аеродромот во Тиват. Предходно дел од македонските државјани се вратија со српски авион од Египет, а шестмина враќањето за Скопје го организирале во сопствена режија. МНР вчера информираше дека ќе издвои милион евра за евакуација на македонски државјани од земјите погодени од конфликтот на Блискиот Исток. Со одлука на Владата, веќе е почната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови за нивна евакуација.