Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Со танц до безбедни училишта – учениците бараат институциите да посветат повеќе внимание на врсничкото насилство

Стоп за врсничкото насилство и училишта каде нема да стравуваат за својата безбедност, е пораката што преку танцување, група ученици заедно со професорите, ја испратија до пратениците во Собранието. Тие им порачаа на институциите дека заслужуваат безбедни простори каде може да се движат и апелираа до институциите проблемите со врсничкото насилство посериозно да бидат сфатени. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стоп за врсничкото насилство и училишта каде нема да стравуваат за својата безбедност, е пораката што преку танцување, група ученици заедно со професорите, ја испратија до пратениците во Собранието.

  • ,,Ние децата сме сегашноста, а и побитно иднината на светот и нашиот правилен развој значи и правилен развој на иднината на која што сите ќе треба да бидеме дел, затоа е многу битно сега децата да растат во здрави услови и да се намали влијанието на сајбер булингот” рече Андреј Симјанов, ученик во гимназијата Јосип Броз Тито.

Тие им порачаа на институциите дека заслужуваат безбедни простори каде може да се движат и апелираа до институциите проблемите со врсничкото насилство посериозно да бидат сфатени.

  • ,,Ние возрасните, со нашите постапки секојдневно им даваме пример на нашите млади како да се однесуваат меѓусебе. Секојдневието на нашите деца е исполнето со примери како некој возрасен од ситуација на моќ си дозволува да прави навреди, мобинг на работно место, за жал да бидат сведоци како им повишува глас со навреди и други несакани работи” изјави Грозданка Саздова, професор во гимназијата ,,Јосип Броз Тито”.
  • ,,Живееме во свет полн со насилство и сето тоа се пресликува во училиштата. Нашите ученици заслужуваат безбедна училишна средина, а тоа може да го постигнеме само ако заедно родители, наставници и институции изградиме средина на мир, почит и љубов” потенцираше Валентина Штерјовска, професор во гимназијата во Гостивар.

Надежта е дека пораката ќе допре до оние за кои е наменета,  оти на овој општествен проблем треба да се обрнува внимание секој ден, а не само на меѓународниот ден на детето.

Реклама

Ана Минин