Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Со низа манифестации Охрид ќе го одбележи 8 Декември – Свети Климент Охридски патрон на градот

Со бројни настани и збиднувања Охрид и оваа година ќе го одбележи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со бројни настани и збиднувања Охрид и оваа година ќе го одбележи патрониот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски.

Чествувањата почнуваат в среда напладне со археолошко и јазично описменување преку литературата за деца и млади со второто издание на „Охридска археолошка азбука”, од проф. д-р Антонио Јакимовски, д-р Елизабета Томевска-Илиевска, м-р Маја Јаневска и м-р Иван Малезанов.

Во четврток со почеток во 11:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Григор Прличев- вчера денес и утре” од Милчо Јованоски и НУ Библиотека „Григор Прличев”, а промотор ќе биде проф.д-р Зоран Тунтев.

Реклама
Клубот за подводни дејности „Охрид“ и Здружението на граѓани  НАТГ „Аматер“ – Охрид  (Културолошка Иницијатива 5 до 12) се годинешните добитници на Повелбата што секоја година ја доделува Опш

Од  12 часот во Култ културниот центар планиран е настанот „Букви и зборови што создаваат светлина: Јазична работилница посветена на Свети Климент Охридски“ од Кристина Дукоска. Во 19 часот следува Осмодекемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче”, додека  од 19:30 ќе се одржи свечената приредба на ООУ „Св. Климент Охридски”.

На 5 декември со почеток во 11 часот во Големата сала на Општина Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Охридски летопис книга втора” и „Охридски летопис комплетно издание” од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески, а промотор ќе биде проф.д-р Ѓорѓи Тоноски.

Во 12 часот во Спомен-куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Прстенот симбол на завет, статус, моќ“ од етнолошката ризница на охридскиот музеј.

Во 19 часот ќе биде отворена традиционалната осмодекемвриска изложба на „Охридскиот фото клуб” во изложбениот салон на Центарот за култура. Во 20 часот на Големата сцена на Центарот ќе се одржи свечена приредба на СОУ „Св. Климент Охридски”. Во исто време на плажата „Кадмо“ ќе се одржи концертна промоција на ВИС „Билјана” – Охрид во чест на патронот Свети Климент Охридски.

На 6 декември со почеток во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев” ќе биде отворена изложбата насловена „365 дена творештво на бакар“ од охридската уметничка Маја Чифлигароска и Копер краф – MAM, додека во 19 часот во големата сала на Општина Охрид ќе биде прикажан краткометражниот документарен филм „Обичен херој” на авторот и режисер Јован Цветкоски.

На 7 декември во 12 часот на Големата сцена на Центарот за култура ќе се одржат Регионални смотри на СОФАМ -Фолклорна смотра на ансамблите од Југозападен регион, во 18 часот самостојна изложба „Мечта“ на уметнички слики од охридската уметничка Јана Маркоска-Наумовска во галеријата „Охридска порта Љубица” .

На 8 декември во 10 часот предвидено е поклонување пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник, во 11 часот полагање цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во Основното училиште што го носи неговото име, а напладен полагање свежо цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, со врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид на Градски плоштад „Свети Климент Охридски”.

Во 18 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Охридско секојдневние” од охридската фотографка Нина Ангелоска во Куќата на Уранија.

Чествувањата на патрониот празник ќе бидат заокружени вечерта во 19 часот со централната манифестација, Свечена академија што ќе се одржи во црквата Света Софија, каде ќе бидат врачени и годинашните највисоки општински награди и признанија.