Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Прилози

Со криминалците нема пакт и нема сојуз, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Со криминалците нема пакт и нема сојуз. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговора, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот роденден. Христијан Мицкоски вели дека Македонија забрзува кон европскиот пат и дека неговата визија е да станеме држава на можности, а не на изговори, каде што правото и правдата ќе важат еднакво […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со криминалците нема пакт и нема сојуз. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговора, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот роденден. Христијан Мицкоски вели дека Македонија забрзува кон европскиот пат и дека неговата визија е да станеме држава на можности, а не на изговори, каде што правото и правдата ќе важат еднакво за сите.

„Ќе ги гониме каде и да се, со криминалот и криминалците пат и сојуз нема, затоа се немирни, затоа се нервозни. Последниот нивен жилав бастион се малкумина корумпирани судии и обвинители и нив ќе ги поразиме наскоро. И ќе одговараат оде прв до последен“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Ќе се расчистува и со актуелни функционери кои не ги испорачуле очекуваните резултати. Премиерот вели дека веќе се работи на  најавената реконструкција на Владата,

Реклама

„Очигледно и такви на кои фотелјата им стана помила од контактот со народот, добивам поплаки дека дел од министрите, директорите се недостапни за народот, а има и такви на кои приватните патувања им станаа помили од посетата на селата и градовите“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија.

Премиерот вели дека Владата која тој ја преводи две години досега испорачала сериозни резултати, покажала дека со скромни ресурси може да се направи многу – Македонија да биде во топ пет во Европа по раст на БДП, со историски рекорд од 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции и земја во која во исто време се градат шест нови автопатски делници.

Мицкоски уште еднаш порача дека неговата партија е подготвена за избори во секое време, но и дека не се тркала со опозицијата која одамна не била репер, се тркала да биде подобра за народот и за државата.