Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Со доизградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“ и понатаму се доцни

Кога конечно ќе биде готова клучката кај ТИРЗ „Прилеп“ со чија изградба…

Сподели:

Кога конечно ќе биде готова клучката кај ТИРЗ „Прилеп“ со чија изградба се започна уште во јуни 2018-та година?! Тогашните најави беа дека овој капитален проект, со кој требаше да се забраза привлекувањето на нови странски инвестиции, треба да биде готов за 15 месеци. Меѓутоа, и по две години оттогаш, градежните работи се уште траат, а нема и ниту еден нов странски инвеститор. Министерот Горан Сугарески, вели дека во моментов немал конкретна информација зошто и понатаму се доцни, а не знаел и дали некој ќе сноси одговорност заради пробиените рокови.

Инаку, изградбата на  клучката кај ТИРЗ „Прилеп“, која чини околу 4 милиони евра, во изминативе две години, беше интересна за посета и фалба на безмалку цел државен врв, вклучително и на Зоран Заев.

Во меѓувреме, се погласни стануваат и пелагониските стопанственици, кои реагираат на лошата патна инфраструктура во овој регион, нарекувајќи ја Пелагонија „слепо црево“. Тие бараат новата влада, ургентно да се зафатела со решавањето на овој проблем.

Реклама

Инаку, доцнење има и во изградбата на Експресниот пат Прилеп-Градско. Министерот Сугарески, за наредноиот месец најави распишување на два тендери за овој пат, иако во мај беше најавувано дека тендерите ќе бидат завршени најдоцна во јуни.

Каролина Дурло