Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Со бугарски пасош побрзо до терапија-пациенти со ретки болести спасот го бараат надвор од Македонија

Со бугарски пасош, до соодветна терапија. Најчесто ова  е патот на дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со бугарски пасош, до соодветна терапија. Најчесто ова  е патот на дел од пациентите со ретки болести кои мора да го изодат за да дојдат до  потребните лекови. Ако кај нас  од дијагностицирање до лекување се потребни околу година и половина, во Бугарија тој процес трае само шест месеци, вели преседателката на Здружението на пациенти со ретки болести, Весна Алексовска. Во тој период пациентите со терапија  се снаоѓаат како знаат и умеат.  Токму поради ова околу десетина членови на нивното здружение биле приморани да извадат бугарски пасош.

„Лековите се ужасно скапи. Еден лек може да чини од 10.000до 200.000евра , кај некој и 500.000евра. Да се продаде некој неможе да го купи. Кога немаше лекови преку државата, луѓето бараа азил и се отселуваа. Имаме пациенти во Шведска, Швајцарија. Сега откако има лекови и не им даваат азил, бидејќи лековите ги има кај нас, најчесто се снаоѓаат со вадење на бугарски пасоши и одење во Бугарија на лекување. Таму од дијагноза до лекување се чека само шест месеци„ изјави Весна Ангеловска, претседател на Здружението на пациенти со ретки болести.

Седумдесет отсто од ретките болести се појавуваат кај децата, а многу од пациентите се лишени од лекување бидејќи е тешко да се дијагностицират.

Реклама

„До дијагноза потребни се многу дијагностички процедури кои се многу скапи и долготрајни. Исто така не постои доволно едуциран кадар кои би ги интерпретирал точно наодите кои се направени, односно не постои доволно едуциран кадар кои би го канализирал патот до дијагнозата„ изјави д-р Љеља Муаремовска-Канзоска.

Од Здружението на пациенти со ретки болести алармираат дека се соочуват со недостаток од терапија, доцнење на тендери и набавка на лековите. Бараат државата да им обезбеди децентрализирање во давањето на терапија како за лицата со ретки, така и за пациентите со хронични заболувања.  Денеска во Штип се одржа и последната активност од кампањата  за одбележување на светскиот ден која има за цел да ја подигне свеста за ретките болести.

Александра Ристевска