Реклама
Македонија

Со автоматска пушка пукале кон семејна куќа во Тетово, за среќа нема повредени

Полицијата го истражува вчерашното пукање во Тетово, околу 21 часот, кога непознати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата го истражува вчерашното пукање во Тетово, околу 21 часот, кога непознати лица вооружени со автоматска пушка испукале рафали кон семејна куќа.

Напаѓачите, кои пристигнале на скутер, веднаш побегнале од местото. Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале сопственикот и членовите на неговото семејство, но за среќа никој не е повреден. На терен се пронајдени околу 30 чаури, а на објектот се забележани значителни оштетувања. Случајот е пријавен во СВР Тетово, известен е јавен обвинител и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите.