Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Со албански знамиња и транспаренти „Не го чепкајте албанскиот јазик“, граѓани бараа правосудниот испит да се полага и на албански

Албански и американски знамиња и транспаренти во рацете, но без македонското знаме,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албански и американски знамиња и транспаренти во рацете, но без македонското знаме, го обележаа денешниот протест на студентите од албанската заедница. Околу 500 луѓе маршираа од плоштадот „Карпошово востание“, преку Камениот мост и плоштадот Македонија, па се до Министерството за правда, каде одржаа говори само на албански. Тие побараа да им биде дозволено да го полагаат правосудниот испит на албански јазик. Се слушаа извици за оставка на министерот за правда, Филков.  

Од пред правда, еден од студентите даде изјава на македонски јазик, во која ги повтори барањата на колегите.

„Нашето барање е да биде правосудниот испит на албански јазик. Да се почитува законите и уставот на Македонија, за да не се зголемат протестите. 01:00 Ние бараме од минситерот да ги почитува законите и  уставот  на Македонија. 01:16 Државен јазик во Македонија е македонскиот и сите јазици каде има 20%, тука е и албанскиот јазик“, изјави Илор Рустеими студент на Правен на Југоисточна Европа. 

Реклама

Протестот доаѓа по јавното обраќање на Али Ахмети, кој предупреди дека секое навлегување во прашањето на јазикот може да ја доведе во прашање стабилноста на државата. Иако од опозициската партија се оградија дека стојат зад протестот, на истиот присуствуваше поранешниот министер за образование во владата на ДУИ Арбер Адеми. Тој рече дека дошол како професор и загрижен граѓанин.

„Денеска имаше претставници од повеќе политички партии, јас лично тука сум во својство на професор затоа што имаме и морална обврска кон студентите кои ги учиме за право и правда“, изјави Абер Адеми поранешен министер за образование.

Од Министерството за правда порачаа дека дека законите предвидуваат услов за активно познавање на македонскиот јазик и дека станува збор за стручен испит, а не управна постапка. Оттаму објаснија дека правосудниот испит претставува клучен предуслов за влез во судството, јавното обвинителство, адвокатурата.

Премиерот Мицкоски претходно повика на изнаоѓање решение и побара протестите да не се инструментализираат, објаснувајќи дека зад нив стои една политичка опозициона партија. Тој потсети дека Законот за употреба на јазиците, донесен од претходната влада, е оспорен пред Уставниот суд, особено делот што се однесува на правосудството. Премиерот посочи дека за тој закон постои и негативно мислење од Венециската комисија, која препорачува напуштање на двојазичноста во правосудството поради предизвиците поврзани со владеењето на правото.