Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Со јавен повик се бара организатор на Дојранското културно лето

Општина Дојран објави повик со кој бара организатор на културно лето, манифестација која ќе обезбеди културни и забавни случувања во период од два месеци во текот на летната сезона. Во јавниот повик објавен на општинската веб страна е наведено дека се бара заинтересирано правно лице или здружение на граѓани со кое ќе се склучи меморандум […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дојран објави повик со кој бара организатор на културно лето, манифестација која ќе обезбеди културни и забавни случувања во период од два месеци во текот на летната сезона.

Во јавниот повик објавен на општинската веб страна е наведено дека се бара заинтересирано правно лице или здружение на граѓани со кое ќе се склучи меморандум за организирање на манифестацијата со назив ,,Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”.

Настаните е предвидено да се одржуваат на три локации во Стар Дојран – летната сцена под јаворите во центарот, на амфитеатарот и на паркингот пред недоизградениот објект на ,,Гранит”, локација на која до пред 2 години се одржуваше Д -фестивалот. Сите настани ќе се одржуваат во јули и август, а во објавата се наведува дека Општина Дојран нема финансиски да ги подржува манифестациите, но ќе има обврска кон организаторот да му овозможи користење без надоместок на јавните површини во наведените локации и ќе овозможи инфраструктурни приклучоци за одржување на настанот.

Реклама

Заинтересираните треба да се пријават со програма за настани, кон која ќе приложат и доказ дека во последните две години организирале настани и манифестации од културно- забавен карактер.