Реклама

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Македонија

Скопје затрупано во проблеми – загаден воздух, катастрофален јавен превоз, запуштена инфраструктура

Превртени и запалени автобуси, ЈСП без нафта, преполни постојки, блокирани сметки,  затворена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Превртени и запалени автобуси, ЈСП без нафта, преполни постојки, блокирани сметки,  затворена зоолошка градина со сомнителна смрт на егзотични животни, бездомни кучиња по мрачни булевари и улици, закани и тужби за новинари, вака Скопје ја одбележи 2024 година.

Гужвите, нервозите и долгото чекање на постојките стана секојдневие за скопјани. Луѓе доцнеа на работа, студентите на факултет, постарите на лекар. 

Скопје стана рекордер и во аерозагадувањето. Престолнината руши негативни рекорди и често го зазема неславното прво место како најзагаден град во европа.

Реклама

Отровот кој го дишат скопјани ги наполни болниците, додека 18% од вкупната смртност во државата е резултат на отровор кој го дишат. Да е уште потрагично. Главниот град стана мета на потсмев и во медиумите во регионот. За состојбата со лошиот јавен сообраќај, нередот на плоштадите и парковите,  новогодишното украсување пишуваа медиумите од соседството.

А локалната власт како да раководи со град во паралелен свет. Додека метрополата тоне во беда и мрак, неуспехот за лошото работење го бараа во централната власт – во Владата која обезбеди резерви на нафта за нормално функционирање на ЈСП и ги спаси граѓаните од мрзнење на постојките.

Иако проблемите како што одминуваше годината се натрупуваа, редакцијата на АЛФА во бројни наврати се обидуваше да контактира со релевантни фактори во градската управа, беа испраќани голем број на прашања до мајката на градот, одговори никогаш не добивме, но затоа стигна по некој неоснован демант и некоја закана за тужба.

Даниел Ѓорѓевски