Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Скопје е во хаос, Арсовска била во Рио Де Жанеиро

Додека Скопјани мрзнеа на автобуските постројки, градоначалничката Данела Арсовска во сончевиот Рио…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Скопјани мрзнеа на автобуските постројки, градоначалничката Данела Арсовска во сончевиот Рио Де Жанеиро дебатирала за климатските промени. Од Град Скопје не ги информираа медиумите за ова нејзино патување од пред неколку дена. Во екот на најголемите проблеми на ЈСП, таа учествувала на состанокот на Урбан 20, на кој градоначалници од сите континенти презентирале решенија за поголема социјална вклученост, борбата против гладот , одржливиот развоЈ. Арсовска зборувала за климатска правда.

Од нејзиниот кабинет обвинуваат дека учениците и работниците со часови чекаат автобус поради премиерот. Според неа, Мицкоски во континуитет преку назначените кадри креирал кризи во јавните претпријатија во Скопје, а последната била токму онаа со поништениот тендер за набавка на гориво..

„Нова криза со која го остава ЈСП без нафта, а скопјани без јавен превоз како смислено сценарио за урнисување на претпријатието. Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио. Во исто време и со истото смислено сценарио приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат“ – Град Скопје.

Реклама

Бирото за јавни набавки, пак, реагира дека ЈСП избрало неприфатлива понуда за набавка на гориво. Тоа била и единствената понуда. Тендерот бил поништен поради неправилности. Спроведената контрола која се врши редовно за набавки поголеми од 500 илјади евра, утврдила дека избраната понуда не ги исполнувала условите пишани во тендерската документација, а кои самото ЈСП ги навело како задолжителни при изборот на фирма.

„Таквите инструкции се согласно член 177 став 3 од законот. Напоменуваме дека ЈСП не ја искористил ниту можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите што му стојат на располагање во законот, од едноставна причина што станува збор за правилно утврдена фактичка состојба од страна на Бирото и исход на постапката кој не може да биде поинаков, а да биде согласно со законот“ – велат од Бирото за јавни набавки.

Оттаму целосно ги отфрлаат наводите на Градот и велат дека локалната самоуправа изнесува клевети. Додаваат дека требало навремено да реагираат и да ги искориститат законските можности кои им стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво.

И Јавното Обвинителство даде насоки да се испитаат тендерските постапки на ЈСП.

„Во врска со проблемот со јавниот превоз во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје ги следи сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП“ – велат од ОЈО.

ЈСП се снабдуваше со гориво од нафтената компанија Пуцко петрол, кон која има долг од 10 милиони евра. Скандалозниот договор беше склучен во 2022-рата година, кога ЈСП потпиша двегодишен договор за набавка на гориво во вредност од 27 милиони евра, по 118 денари за литар, иако цената во малопродажба тогаш изнесуваше 90 денари за литар.