Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Скопје на 3 октомври ќе живее во ритамот на „Бела ноќ“ – концерти, изложби, диџеј-настапи и програма за најмладите

Концерти, изложби, диџеј-настапи и програма за најмладите, се дел од содржината на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Концерти, изложби, диџеј-настапи и програма за најмладите, се дел од содржината на „Бела ноќ 2026“ што ќе се одржи на 3 октомври, сабота, во Скопје. Како што најавуваат организаторите, ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, манифестацијата и годинава ќе ги поврзе градските плоштади, улици, музеи и галерии во заедничка ноќ на културата.

Програмата на плоштадот „Мајка Тереза“ (платото пред МОБ) почнува во 18:00 часот со детскиот фестивал „Поточиња“, а во 18:45 часот следува „Театар за тебе“, интерактивен театар за деца. Од 19:30 часот публиката ќе ја раздвижи DJ Bono, по што во 20:30 часот настапува „Допамин бенд“. Во 22:00 часот, сцената им припаѓа на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, додека од 00:00 часот музичката програма продолжува со DJ Tammy и DJ Toshevv.

Кај фонтаната „Лотус“, „Бела ноќ“ ќе донесе вечер посветена на електронската музика. Програмата започнува во 20:30 часот со Flooder & Vaso, продолжува во 22:00 часот со DJ Vecky – Fluere, а од 00:00 часот настапува Invictoz – Sempre.

Реклама

На платото пред Музејот на современата уметност, од 20:00 часот, ќе се одржи „IN BETWEEN 04“, со DJ AYŪ од Берлин, DJ Peneva, DJ Stefan Strange, DJ Bole и DJ Luka, дополнувајќи ја музичката понуда на манифестацијата.

На „Боемска улица“ ќе се одржи „Боемска бела ноќ“ на која ќе настапи младиот Владмир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов.

Покрај концертните и диџејските настапи, „Бела ноќ“ ќе понуди и средби со современата ликовна и мултимедијална уметност. Во Домот на градежниците ќе бидат претставени самостојната изложба на Марија Рашковиќ и групната изложба „Вортекс“. Во Чифте амам публиката ќе може да ја посети изложбата „Пресек“ на Ирена Паскали, а во „Мала станица“ мултимедијалната изложба „Меѓу светови“ на Воскресија Андреевска.

Дел од содржините ќе почнат уште во текот на денот. Во Детскиот културен центар „Карпош“, во 09:00 часот, е најавена изложба на детски ликовни творби. Во Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во 12:00 часот, ќе се одржи „Нацртај песна“, а во 19:00 часот следува изложбата „Види ја поезијата“, поврзувајќи ги литературата, имагинацијата и визуелното изразување.

Археолошкиот музеј ќе ги пречека посетителите со бесплатен влез и содржината „35 предмети, 35 приказни“, отворајќи простор за откривање на културното наследство и приказните што ги чуваат музејските предмети.

На мапата на „Бела ноќ 2026“ се и Младинскиот културен центар, Мостот на уметноста, Боемска улица, Старата скопска чаршија, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“ и улица „Македонија“. Заедно, овие локации ќе понудат можност за поинаква прошетка низ Скопје, исполнета со уметност, музика и средби.

Вечерната програма на манифестацијата ќе се одржува од 19:00 до 03:00 часот, со одделни дневни содржини и детска програма што започнуваат порано.