Наместо да се изнајде решение со кучињата скитници, Град Скопје објавува повици за формирање на комисии кои го одредуваат степенот на каснување.
Главниот град последните години не наликува на метропола, бездомни кучиња демнат и преку ден и навечер, пријави за каснување има во повеќето општини, а во билтенот на МВР речиси секој ден се регистрирани нови случаи на каснување кои по спогодба или судски пат одлеваат илјадници евра од градската каса за надомест на штета.
Околу 1.200 тужби се пристигнати на адресата на Град Скопје само во последните три години, додека во тековната до сега се регистрирани околу 350 каснувања. Отштетите кои се предвидени согласно законот изнесуваат од 35.000 до 90.000 денари.

Граѓаните загрижени за својата и безбедноста на своите најблиски, вината ја гледаат во локалната власт која не превзема доволно мерки за решавање на проблемот.
,,Прво јас сум касната од куче и сега мало да е се плашам, а проблемот треба да се реши, внучиња имаме, нас старите нека не изедат ама децата?,, се пожали граѓанка
,,Касната сум од куче, ме има легнато доле, патиките ми ги искина, капутот, ама не сум знаела дека следи надохнада,, кажа пред камерите граѓанка
,,Напаѓаат и се опасни,, кажа граѓанин пред камерите на ТВ АЛФА.
Став за решавање на прболемот со уличните кучиња на хуман начин побаравме и од Град Скопје и од ЈП ,,Лајка” но до моментот на објавнување на прилогот одговор не е пристигнат.
Ветеринарите сметаат дека проблемот треба да се решава темелно и системски, алармираат за присуство на животни кои талкаат по скопските улици а се инфицирани со заразни болести кои лесно може да се пренесат и на луѓето не само преку каснување туку и со директен допир, сметаат дека ваквите случаи треба да бидат третирани со посебни протокли.
,,Покрај шугата исто така и лајшманијата се дијагностицира кај уличните кучиња и тие законски треба да се евтанизираат во специјализирани установи, таквите кучиња не треба да бидат на улица бидејќи се сметаат за опасни и потенцијално заразни,, кажа др. Перо Божиновски, ветеринар, специјалист за мали животни.
Последен од низата случаи на каснувања кои ја згрозија јавноста е на ракометарот Вуко Борозан кој во обид да ги одбрани своите децата кои биле нападнати од глутница кучиња се здобил со телесни повреди констатирани на Скопските клиники.
Даниел Ѓорѓевски
