Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Скопјани на плоштадот Македонија им одаваат почит на жртвите од пожарот во Кочани

Во Скопје и денеска се оддава почит на жртвите од трагичниот пожар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје и денеска се оддава почит на жртвите од трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Многу граѓани запалија свеќи на плоштадот „Македонија“ како почит за оние кои загинаа во оваа ужасна несреќа.

Денес во Кочани, Штип, Облешево и Скопје се одржуваат погребни церемонии за починатите. Погребната церемонија во Кочани, од каде потекнуваат повеќето од жртвите, започнува во 12 часот, а ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Г.Г. Стефан.

Пожарот избувна на 16 март утрината околу 2:35 часот во клубот „Пулс“ во Кочани за време на концертот на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 59 лица, меѓу кои и осум членови на групата. Меѓу жртвите има шест малолетни лица, а најстариот загинат имал 48 години. Повредени беа над 180 лица, кои се згрижени во болниците во земјата и во странство. Во Македонија се лекуваат 72 пациенти, а 101 се на лекување во странски медицински центри, додека три лица веќе се отпуштени на домашно лекување.