Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Скопјанец позитивен на Ковид19 наместо во изолација се шетал низ Охрид

Четириесет и четри годишен скопјанец иако знаел дека е заболен од коронавирус,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет и четри годишен скопјанец иако знаел дека е заболен од коронавирус, се рашетувал низ Охрид ширејќи ја заразата. Тој на 13 март кога од Австрија пристигнал во Македонија, потпишал изјава за самоизолација. Но ја прекршил една недела подоцна, кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус. По медицинскиот наод дека е позитивен тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, дошол во Охрид каде што имал стан. Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици. И не само тоа,на 23-ти март бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.

“Во неколку наврати истиот ги прекршил одредбите за самоизолација и остварил контакт со луѓе, со вработени во еден оператор во Охрид.Со нив склучил договор и тие во неговиот стан ги реализирале договорените ангажмани.” – вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Од Центарот за јавно здравје велат дека вработените кај операторот се во изолација, земени им се брисеви и се чекаат резултатите од корона тестот. Од таму не откриваат каде се се’ движел скопјанецот и со колку луѓе остварил контакт. Единствено упатуваат апел до сите граѓани да внимаваат.

Реклама

Она што е многу битно,социјалното дистанцирање да се почитува,изолацијата и самоизолацијата да се почитува.Тоа се прави не за да се наштети некому, туку токму за да се спречи ширењето на вирусот.”- изјави Сашо Точко, директор на Центар за јавно здравје.

Дознаваме дека скопјанецот живее во центарот на Охрид, во близина на објекти од витално значење во кои има голем број вработени.Тие стравуваат за своето здравје затоа што често пазареле во локалниот маркет каде претпосавуваат дека пазарел забоениот.

Ова не е прв случај заболени лица да не ја почитуваат изолацијата, охриѓанецот кој прв ја донесе заразата во Охрид со денови излегувал дома, одел на пазарење ,вртејќи го градот. Тој ја затвори охридска трансфузиологија,каде што му бил направен тромботест.

Полицијата против двајцата несовесни поднесе кривична пријава за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Росица Голабоска