Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Скопје по 11-ти пат дел од глобалниот хуманитарен мото-настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“

– В недела во Скопје ќе се одржи 11. издание на глобалниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– В недела во Скопје ќе се одржи 11. издание на глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“, кој ги обединува љубителите на класични мотоцикли и модата со цел собирање средства и подигнување на свеста за машките болести.

Како што информираат организаторите, на улиците во главниот град се очекува да излезат повеќе од 220 мотоциклисти со своите класични мотоцикли. Основната цел на манифестацијата е ширење на свеста кај машката популација и прибирање финансиски средства наменети за борба против ракот на простата и машките самоубиства.

– Пред 11 години Скопје официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата, во борбата против машките болести. Единаесеттата Скопска едиција досега наговестува инпресивни резултати, бидејќи оваа година на улиците на главниот град, ќе излезат повеќе од 220 „дотерани” мотоциклисти со своите класични блескави машини. Во изминативе години за борба против ракот на простата собра повеќе од 60.5 милиони долари, а на кој настан зедоа учество над 340.000 учесници во повеќе од 121 држави и 1070 градови во светот. Македонија, односно Скопското издание придонесе во овие бројки од 2016-та, со повеќе од 24,000 Долари – стои во соопштението.

Реклама

Организаторот на скопското издание, екипата на „Gentleman’s Crew Skopje“, упатува благодарност до сите учесници, партнери и пријатели кои придонесуваат годинашниот настан да ги надмине досегашните достигнувања, задржувајќи ги тематските постулати на манифестацијата.