Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт, Борко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, синоќа изврши обиколка на кејот на реката Вардар, каде што официјално почнува реконструкцијата на спортските терени. Скопје, како што објави на социјалните мрежи Ѓорѓиевски, добива уште еден значаен проект за унапредување на јавниот простор и спортската инфраструктура.

Проектот, како што соопшти Град Скопје, опфаќа изградба на нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и современи фитнес-зони на отворено, со цел создавање здрави навики, активен живот и еднакви можности за сите генерации. 

Паралелно, ќе бидат унапредени и ставени во функција и спортските терени во Маџир Маало како дел од визијата за рамномерен развој и инвестирање во здравјето на граѓаните и иднината на Скопје.

Реклама

– Кејот на Вардар од утре почнува да добива нов лик!  Вечерва, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски извршив обиколка на кејот на реката Вардар. Од утре и официјално почнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации – напиша градоначалникот Ѓорѓиевски.

Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и модерни фитнес-зони на отворено, достапни за секој граѓанин. 

Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата.

– Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба, заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. Инвестирањето во спортски терени значи инвестирање во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје. Ова е само почеток. Нашата визија е да обезбедиме современи и достапни спортски терени во сите општини на град Скопје. Рамномерен развој, еднакви можности и активен живот за секој скопјанец, без разлика каде живее. Огромна благодарност до министерот Борко Ристовски за силната поддршка – напиша скопскиот градоначалник.