Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Прилози

Скопје како Париз – Градските власти ќе градат гробишта за миленици

Скопјани повеќе нема да лутаат по околните планини, во потрага по соодветна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани повеќе нема да лутаат по околните планини, во потрага по соодветна локација, за да ги погребаат своите миленици. Наскоро главниот град ќе добие јавни гробишта за милениците, односно секоја општина одделно ќе си изгради гробишта на јавна површина. Ова го договориле министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот Орце Ѓоргиевски и Агенцијата за храна и ветеринарство. Во периодот што следува ќе се дефинираат локациите низ општините, а потоа ќе стартува и реализиацијата. 

Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по смртта, труповите на милениците да не се  фрлаат заедно со комуналниот отпад, или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации за таа намена, за што ќе треба да се направи и соодветна измена на одредени законски решенија, вели Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Скопје се соочува со уште еден горлив децениски проблем, кој досега ниту еден градоначалник не успеал да го реши, а тоа се безбројните бездомни животни. На средбата, станало збор и за овој проблем. Ѓоргиевски понудил во расчистувањето на состојбата да се вклучат инспектори и редари од општините. Исто така градоначалникот и претседателот на ЗЕЛС предложил и воспоставување на систем на прифаталишта за кучиња во секоја општина. Директорот на АХВ Оливер Миланов, најавил дека во предлог измените на Законот за благосостојба на животните, предвидени се предлозите од Здруженијата за заштита на животните, а ќе се земат предвид и предлозите на општините.

Реклама

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе им излезе во пресрет на локалните самоуправи и ќе им помогне на општините во однос на решавање на техничките прашања при воспоставувањето на системот за контрола на популацијата бездомни кучиња во согласност со можностите, надлежноста и овластувањата на АХВ, информира Оливер Миланов, директор на АХВ.

За првпат, градската власт пристапува со системско решение за овој долгогодишен проблем. Во Париз, гробиштата за миленици постојат од 1899 година и претставуваат историско обележје на градот. Гробишта за миленици има и во Лондон, Мадрид, Малага, Рим, Милано и многу други европски градови. Таму бездомни животни речиси и да ги нема, благодарение на стерилизација, прифатилишта и програми за вдомување.

Во регионот, јавни гробишта за миленици има во Риека и е едно од најстарите во Европа.