Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Скопје домаќин на четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка

Скопје од денеска до 26 јуни е домаќин на четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка на тема „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. – На свеченото отворање на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје од денеска до 26 јуни е домаќин на четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка на тема „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

– На свеченото отворање на конференцијата вечер во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје ќе се обратат: државната секретарка во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска Ѓоргова,  проф. д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Ратко Дуев, раководител на Центарот за интеркултурни студии и истражувања, проф. д-р Масимо Интровиње (Италија) и неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан – најави Центарот за интеркултурни студии и истражувања. 

Конференцијата, посочуваат организаторите, претставува една од најзначајните меѓународни научни платформи посветени на религискиот дијалог, мирот, толеранцијата и соработката меѓу различните културни и религиски традиции.

Реклама

Во рамките на конференцијата ќе се одржат пленарни предавања, тематски сесии и дискусии посветени на религијата и современите конфликти, религискиот национализам, миротворството, меѓурелигискиот дијалог, човековите права, културната дипломатија и улогата на религијата во современото општество.

На годинашната конференција ќе учествуваат 79  професори, научници, истражувачи, верски претставници и дипломати од повеќе континенти во светот. Во претходните пет изданија на конференциите за религиски дијалог и соработка (2019–2025) учествувале вкупно 424 учесници од 48 држави, со што, велат од Центарот, оваа иницијатива се етаблира како една од најпрепознатливите меѓународни платформи за меѓурелигиски и меѓукултурен дијалог во регионот.

– Особено се издвојува учеството на проф. Масимо Интровиње (Италија), основач и директор на Центарот за проучување на нови религии (CESNUR) и еден од најпознатите светски експерти за новите религиски движења; проф. Пабло Аргарате (Австрија), носител на УНЕСКО катедрата за интеркултурен и меѓурелигиски дијалог за Југоисточна Европа; проф. Џејмс Кеј (САД), поранешен декан и потпретседател на Princeton Theological Seminary; проф. Балаш М. Мезеи (Унгарија), еден од најистакнатите современи филозофи на религијата; проф. Марк К. Ли (САД), декан и претседател на Bexley Seabury Seminary и главен предавач (Keynote Speaker) на конференцијата; како и Сатубалди Буршаков, амбасадор на Република Казахстан во Република Северна Македонија. Покрај нив, на конференцијата ќе учествуваат научници и истражувачи од САД, Канада, Израел, Иран, Тајван, Аргентина, Холандија, Германија, Франција, Италија, Шпанија и други држави од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка – информира Центарот за интеркултурни студии и истражувања. 

Конференцијата се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филозофскиот факултет во Скопје, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Општина Тетово и други институционални партнери.

Повеќе информации за програмата и учесниците се достапни на официјалната веб-страница на конференцијата: http://icrd.fzf.ukim.edu.mk/