Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Скандалозен пропуст: „Македонски пошти“- издала марка со „Голема Хрватска“

Скандалозен потег на “Македонски пошти”  – во очи над победата над фашизмот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалозен потег на “Македонски пошти”  – во очи над победата над фашизмот, пушти во оптег повеќе од шест илјади поштенски марки на кои е ставена погрешна карта на „Голема Хрватска “. Односно мапата на Хрватска  не ги претставува границите на земјата, туку е карта на Независна Држава Хрватска.

Со други зборови дизајнерите на марката го ставиле знакот на марионетскиот усташки режим, кој своевремено ги опфаќал и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора.

Првиот човек на „Македонски Пошти“ – Ејуп Рустеми, инаку кадар на ДУИ, не одговори на повиците и пораките на Алфа, но за друг медиум го потврди пропустот и веднаш свикал Управен одбор кој треба да донесе одлука за повлекување на марките.

Реклама

Рустеми одговорноста за инцидентот ја гледа во Советот за филателија кој го избира дизајнот на марката. Тој бил составен од 7 експерти, внатрешни и надворешни меѓу кои има и од Институтот за национална историја но и експерти од институтот на Државниот универзитет во Тетово и други.

Ќе има ли санкции останува непознато?!

Целта на поштенската марка била да ѝ ја искаже својата благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија.

По реакциите на јавноста, спорната марка веќе не може да се најде на сајтот на Пошта.