Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Скандал во Охрид: Дивото бетонирање во Градиште продолжува надлежните ги нема никаде

Акцијата за рушење на дивоизградениот ѕид во Градиште- стопирана уште пред да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Акцијата за рушење на дивоизградениот ѕид во Градиште- стопирана уште пред да почне.Градежните инспектори кои пред 10 дена парадии глумејќи театралност,заминале од автокампот повлекувајќи ја механизацијата по само два дена.Таму и денеска се заѕидуваше крајбрежјето,но кога ги видоа камерите работниците се разбегаа, а го снема и сопственикот на ресторанот кој без одобрение за градба се подига на само два метри оддалеченост од езерото.

Се прекина со рушењето, се руши само 5-6 метра од ѕидот, другиот ѕид од 200 метра остана нечепнат.Бараме да се руши и ресторанот кој што е диво изграден пред година и пол и воедно бараме да се прекине со стопанување на автокампот Градиште – вели Ѓоре Танески- здружение на граѓани “Оревче”.

-Ако има некој кој што не е корупмиран во оваа Влада, нека ни објасни зошто не ни се враќаат имотите-прашуваат пештанци,кои си го бараат своето.Каде е велат сега Заев кој пред 2 години ни ветуваше брда и долини ?

Реклама

63 години се поминати откако се одземени имотите на автокампот со познати удбашки методи кои за жал и ден денес се споведуваат на уште по ригорозен начин.Како што гледате при самото доаѓање добивме и закана од еден од нелегалните сопственици кои стопанисуваат со нашиот имот – вели Томислав Танески-здружение на граѓани “Оревче”.

Откако се осамосталивме како држава појма немавме што значи зборот денационализација, што значи враќање на имотите кои порано сме го поседувале.За тие имоти немаме земено никаква надохнада – вели Наум Цаноски здружение на граѓани “Оревче”.

И не е само во прашање спорниот ѕид кај ресторанот,туку вдолж целиот брег на автокампот е подгнат ѕид. Во Градиште се’ е незаконски изградено, бидејќи нема урбанистички план за тој потег-велат пештанци.Ресторантот,тоалетите,рецепцијата ,се е тоа дивоградба. И кога веќе никој не првзема ништо и камперите прават што сакаат, си доградуваат со метални конструкции со бекатони, си заѕидуваат и тоа веќе не се приколки туку цели куќи.

Нека ни објаснат зошто до сега нема нити една кривична пријава затоа што овде е се нелегално,нелегално изграден ресторан,нелегално изградени има од тврда градба доста објекти низ кампот и апсурдот да е поголем ние плаќаме тука како сопственици за да ја користиме плажава сите години наназад – вели Томислав Танески-здружение на граѓани “Оревче”.

Пештанци уште еднаш се заканија дека ќе го блокираат патот Охрид-Свети Наум, доколку ни се вратат имотите и не се рушат сите дивоградби во автокампот.

Росица Голабоска