Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Систем на ваучери – наместо поддршка за спортот, плодна подлога за можна корупција

Наместо поттик за спортот, плодна почва за можна корупција. Владејачката структура, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо поттик за спортот, плодна почва за можна корупција. Владејачката структура, и покрај сите забелешки и негативни коментари, го воведе ваучер-системот за финансирање на спортот. Со помпезни најави дека со нови милионски суми ќе се оживува спортот во Македонија се пофали и тогашниот премиер Зоран Заев.

  • „Нови 6 милиони евра во македонскиот спорт кои ќе растат во иднина, покрај постоечката финансиска поддршка што АМС ја дава на федерациите“, рече Заев на 17.10.2018.

Од државната каса секоја година се одвојуваа по неколку милиони за да се помогне спортот. Парите беше предвидено да ги помагаат федерации, клубови и спортисти, а истите да добијат и даночно олеснување од 50 проценти.

  • „Дополнителните 10 милиони евра преку ваучерскиот систем стигаат до крајните корисници, националните спортски федерации, клубовите и индивидуалните спортисти од олимписки и неолимписки спортови за создавање квалитетни услови за врвни остварувања во клупскиот и во индивидуалниот спорт“, нагласи тогашниот премиерот во техничката Влада, Оливер Спасовски на 13.02.2020 година.

Иако како што уверуваат тогаш од Владата дека процедурите ќе бидат едноставни, уште при самото воведување забелешките на новото законско решеие беа големи.

Реклама

Повеќето од федерациите како и долгогодишни спортски работници и аналитичари изразија незадоволство од ваучерскиот систем сметајќи го за порестриктивен и за полош од данокот за добивка што се укина кон крајот на 2018-та, а беше во функција периодот 2016/17. Тоа мислење не го делеше и Агенцијата за млади и спорт.  

Системот за ваучери беше укинат лани во септември односно заменет – државата директно почна да ги исплаќа парите на спортските субјекти.

  • „Фантастични 10 милиони евра ќе влезат како директна финансиска поддршка за спортистите, спортските клубови и спортските федерации. Во соработка со Министерството за правда го модифициравме досегашниот модел познат како ваучерски систем и стигнавме до директна државна субвенција“ рече директорот Мојсоски на 01.03.2024.

Уште при самото негово воведување кон крајот на 2018 година се најавуваше како систем токму за заштита од финансиски малверзации. Но сега по иницијатива на претходниот состав Антикорупционери, обвинителството отвори предмет во кој ќе ги гони и претходниот директор Дарко Каевски, актуелниот Наумче Мојсоски, директор на МОК, Даниел Димевски и уште деветмина други кои Обвинителството ги товари за злоупотреба за сложбената положба и несовесно работење. Тие отфрлија обвинувањата и постапувањето на обивнителите го нарекоа тенденциозно.