Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Симулациска вежба „Сигурни празници без употреба на пиротехника“ во Велес

Во дворот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес денеска за велешките ученици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во дворот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес денеска за велешките ученици од сите училишта од градот се одржи симулациска вежба во рамките на кампањата „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“. Настанот го организираа Општинска организација на Црвен крст во соработка со Министерството за внатрешни работи, односно полициски службеници од СВР Велес, Отсекот за превенција и Полициската станица Велес и екипа на Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом. Во рамки на вежбата беше прикажана симулација за укажување прва помош на лица повредени при употреба на пиротехнички средства.

Како што информира Орце Николов секретар на ООЦК Велес, целта на активноста е превентивна за подигнување на јавната свест, особено кај младите, за опасностите и последиците од несоодветна употреба на пиротехника за време на празниците, како и едукација за правилно и навремено укажување прва помош.

Преку реалистичка симулција на вежбата беа прикажани две тешки повреди како последица од употреба пиротехнички средства: ампутација на прсти и повреда на око, се со цел да се укаже на младите на реалните ризици и употреба на пиротехника.

Реклама

Велешките ученици кои ја проследија вежбата во изјавите потенцираа дека оваа показна вежба позитивно влијаела кај нив да размислат повеќе и  никогаш повеќе  да не употребат пиротехника која може да ги загрози и да им предизвика сериозни последици..

Тие воедно најавија дека  тие понатаму ќе држат едукација за останатите свои соученици, а  кои денеска не ја проследија вежбата, а употребуваат пиротехника.