Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, визуелен споменик на недовршените соништа на загинатите во пожарот во Кочани

Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани почна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во која на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Шеесет и три бели столчиња наредени во тишина на отворено и една бела роза на нив за спомен и отворена книга за жалост како немо сведоштво за животи прекинати во најубавите години. 

– 63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето – беше пораката со која многуте делегации ги пречекаа семејствата на загинатите и другите пред Домот на културата во Кочани.

Реклама

Настанот, организиран од Општина Кочани и од родителите на загинатите, почна во 8.45 часот и претставува дел од централната програма за одбележување на годишнината од трагедијата. 

При приемот на гости и делегации за комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“, кој почнува во 10.30 часот во Центарот за култура „Бели мугри“, утрово, пред овој визуелен споменик, посветен на недовршените соништа на прерано починатите, отворена е и книга на жалост.