Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Силјановска Давкова за кандидатурата: Состојбата во државата бара да не седиме и да коментираме, време е национално единство во секој поглед

Тешко носам одлуки, но стојам зад нив.  Состојбата во која се наоѓа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тешко носам одлуки, но стојам зад нив.  Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа и да коментираме, туку да сториме нешто. Еден ден со право ќе не прашаат каде бевте и што правевте со државата која вашите татковци и дедовци ви ја дадоа, изјави професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ на Сител телевизија запрашана за тоа зошто по втор пат влегува во трката за претседател на Македонија.  

Силјановска Давкова истакна дека уште една од причините поради кои се нафати на кандидатура е дека за секој од нас е тешко да чуе дека однадвор имаат поголем респект за државата, отколку државата за своите граѓани и граѓаните јасно ја гледаат ситуацијата во која се наоѓа државата. 

– Мислам дека амбиентот сега е поинаков од минатите избори, граѓаните ги споредуваат мојата четири годишна работа во Собрание и пет годишната работа на Пендаровски. Покрај тоа консолидацијата во ВМРО-ДПМНЕ е на далеку повисоко ниво од минатите избори, некогаш и патот е важен како и резултатот, потенцираше таа.

Реклама

Силјановска Давкова во однос на тоа какви каква кампања очекува и дали ќе добие поддршка од другите противкандидати во вториот круг изјави дека очекува витешка битка, а воедно очекува и поддршка од сите останати затоа што луѓето се ценат по стручност и компетентност. 

– Што се однесува до битката, знам дека битката дека меѓу мене и колешката Ванковска ќе биде витешка, можеби е време да покажеме ние жените дека е време за витешка битка, очекувам дијалог со аргументи,  а за останатите мислам дека во вториот круг ќе ме поддржат. Ако сте опозиционер логично да ја поддржите опозицијата. Меѓу пратениците јас не правам разлика по етничка или партиска основа, имам луѓе со кои одлично комуницирам по принцип на стручност и компетентност. Имам и побратим Албанец во семејството, време е за национално единство во секој поглед, надминување на партиските разлики коа се работи за прашања од државен карактер.