Реклама

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

Македонија

Силјановска-Давкова пријавена на повикот за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател

Гордана Силјановска Давкова поднесе кандидатура за кандидат за претседател на Македонија од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Силјановска Давкова поднесе кандидатура за кандидат за претседател на Македонија од ВМРО- ДПМНЕ, засега докторката по уставно право е единствена која поднела кандидатура, а рокот завршува во текот на денешниот ден.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Во врскаа со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес.

Реклама

На истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Гордана Силјановска-Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Таа е актуелен пратеник во Собранието на РМ.

За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на РМ која ќе се одржи на 02 март 2024 година.