Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос на ветото и преговарачката рамка, но нагласи дека тоа не значи дека се согласува. Јас, нагласи таа, тоа го истакнав во текот на разговорот.

– Апсолутно репликата, ако така може да се каже, не ми е упатена мене, туку е реплика на она што го прави и мора да го прави ЕУ за да покаже дека во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето и оти таа е неразделна од заедничката надворешна и безбедносна политика, а ние многупати сме посочени како држава што е целосно усогласена со Европската надворешна и безбедносна политика, изјави денеска претседателката.

Едно е какво е личното државно доживување, истакна Сиљановска – Давкова, а друго е каква е реалноста.

Реклама

– Јас тврдев, тврдам и знам дека сите европски политичари се свесни дека тажната неевропска македонска приказна нема да застане на нас, ќе биде една од следните приказни и покрај моето радување за напредувањето на некои држави во регионот, рече таа.

Претседателката на Македонија повтори дека ние не смееме да бидеме жртва на идентитетските прашања.

Идентитетските прашања, појасни Сиљановска – Давкова, се надвор од било која преговарачка рамка бидејќи се надвор од Договорот за ЕУ од Лисабонскиот договор и од Повелбата за фундаментални права. Таму, подвлече, се гарантира националниот и културниот идентитет, не само на членките на ЕУ, туку и на кандидатите на ЕУ.

– Ние не бараме никаков ексклузивен статус. Ние бараме стандардно однесување во духот на она што постојано го повторувам. Сакам да живеам во стандардна европска држава, не сакам да биде мојата држава исклучок од сите други, правилата треба да важат за сите, изјави во Тирана Сиљановска – Давкова, која вчера учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ.

По средбата со претставници на Македонското национално малцинство во Албанија, на Македонската алијанса за европска интеграција, на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, како и со македонски дипломати и професори, таа денеска потсети дека ЕУ побара од неколку европски тинк – тенкови, меѓу кои и „Елија меп“ од Грција да изработи анализа и да предложи решение за надминување на опасноста од билатерализацијата, односно за употреба и злоупотреба на ветото во процесот на проширувањето бидејќи, како што истакна, денес проширувањето не е само европска демократска потреба, туку е насушна потреба за стабилизацијата и безбедноста на регионот.