Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов.

Говорници на сесијата беа: поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус, поранешниот претседател на ГС на ООН, Волкан Бозкир, Розета Епифани од Кабинетот на претседателот на Советот на министри на Италија и Хенри Џонс, претседател на COFR Technologies и советник на државниот секретар на Арканзас.

Како поборник и поддржувач на културната дипломатија, Сиљановска-Давкова истакна дека културата е моќно миротворно, недоволно искористено дипломатско оружје не само на големите, туку и на малите држави.

Реклама

Во уметноста таа препознава важен инструмент за разбирање, доверба и пријателство меѓу државите и нациите. Според неа, голем успех за една држава и култура е да стекне почитувачи, припадници на други народи.

Укажувајќи на важноста на културната дипломатија, таа упати на перцепцијата на Гоце Делчев на светот како поле за културен натпревар меѓу народите, препознавајќи во Гоце Делчев, основоположник на македонската културна дипломатија.

Учесниците дискутираа за шансите на малите држави да влијаат врз справувањето со глобалните предизвици преку културната дипломатија.

Од расправата произлегоа предлози за реформирање на ООН, во функција на дисперзија на моќта, преку зголемување на улогата на Генералното собрание во процесот на одлучување и проширување на членовите на Советот за безбедност.

Свесни за ограничената моќ на малите држави, за доминацијата на реал политиката во меѓународните односи и заострениот конфликт меѓу силата, правото и правдата, учесниците се согласија дека се неопходни алтернативни решенија за влијание, меѓу коишто, регионалното поврзување и соработка, како можен агенс на промени.